Технологија и дизајн Регистар за домени .mk / .мкд

Политики

Услови и правила за регистрација и управување со домени .mk/.мкд.

Регистрацијата и управувањето со домените под .mk и .мкд се уредени со Правилникот на МАРнет за организацијата и управувањето со врвните национални интернет-домени, како и со овие услови на овластениот регистрар.

Официјални документи (МАРнет)

Кој може да регистрира домен

Домен може да регистрира правно или физичко лице. Регистрантот е носител на доменот и е одговорен за точноста на податоците.

Задолжителни податоци

Регистрант — правно лице

идентификатор, назив/име, назив на организацијата, улица, град, поштенски број, код на држава, е-пошта, телефон, факс и идентификациски број.

Регистрант — физичко лице

идентификатор, име, улица, град, поштенски број, код на држава и телефон.

Административен/технички контакт

идентификатор, име, е-пошта и телефон.

Сите податоци видливи во регистарот се внесуваат на кирилица, освен името на доменот, идентификаторите и податоците на странските регистранти.

Обврски на регистрантот

  • Да обезбеди точни и ажурни податоци и навремено да ги ажурира при промена.
  • Да ја чува авторизациската лозинка (authInfo) на доменот како доверлива.
  • Да ги почитува одредбите од Правилникот на МАРнет.

Важни рокови

  • Контакти/сетови што 6 месеци не се поврзани со домен и немаат промени се бришат од регистарот.
  • Избришаните идентификатори минуваат во заштитен период од 2 месеци пред повторна употреба.
  • По истек на регистрацијата, доменот следи постапка на исклучување од зона и бришење согласно Правилникот.

Улога на регистрарот

СОЛАРИС ИНТЕЛИЏЕНС ДООЕЛ Кавадарци (sajtovi.mk) е овластен регистрар и постапува во име на регистрантот кон регистарот на МАРнет, со заштита на личните податоци согласно закон.